Home » Digital » СКАНДАЛОЗНО! Фејсбук се менува за корисниците, еве како….

СКАНДАЛОЗНО! Фејсбук се менува за корисниците, еве како….

За многу од корисниците на социјалните медиуми, clickbait или на наше “кликабилните наслови се проблематични. Мене на пример, ми се ежи кожата од наслови како овој од статијава.

Johnny_Bravo

Фејсбук реши да поработи на проблемот и по вторпат најавува дека објавува “војна“ на наслови кои не откриваат што е поентата или главната информација туку само сензационално привлекуваат внимание и погрешно наведуваат корисниците да ја кликнат веста и да дознаат за ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КОЈ СЕ ШИРИ (во Никарагва се разбира).

Иако многумина од корисниците станаа искусни во можноста да ги препознаваат овие реклами преправени како статии, сепак се случува да се најдат во ситуација како разгледуваат галерија од десет слики за да откријат каде отишла на одмор некоја позната личност… за на крај да не го дознаат тоа :) Но медиумумот кој се служел со такви наслови, набилдал импресии….а импресиите носат банерчиња :)

Со својот најнов алгоритам, Facebook ќе се обиде да го смени тоа.

Ќе се обидат да го казнуваат она што изгледа како clickbait, или како што бренд менаџерите ги нарекуваат тие вести – “Наслови од кои намерно се изоставени клучни информации, или кои погрешно ги наведуваат луѓето.”

За да го решиме овој проблем кој ни е толку многу посочуван од нашите корисници, правиме промена во алгоритмот за рангирање на објавите во News Feed-от за да го намалиме бројот на clickbait вести. Со оваа промена корисниците ќе гледаат помалку clickbait вести, а повеќе објави какви што сакаат да имаат погоре во својот News Feed. Изградивме систем кој ќе анализира множество од clickbait вести за да издвои кои фрази се најчесто користени во clickbait насловите, а не се употребуваат кај другите вести” пишува во сооштението на Facebook.

За медиумите кои користат clickbait наслови за да го зголемат својот сообраќај, ова се лоши вести. Но, потрадиционалните медиуми и брендови кои ставаат релевантни наслови немаат потреба за грижа.

Дополнително, Facebook објави водич насловен како Drive Reach and Referrals Without Clickbait (https://www.facebook.com/facebookmedia/best-practices/click-bait) за тоа како да не пишувате clickbait наслови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365