Home » Во фокусот » Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование!

Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование!

Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).

Creative Hub (www.creativehub.mk), на своите посетители им овозможува модерен co-working простор (направен по план на Гугл кампусот во Мадрид), луксузно опремен за да ги задоволи и најпрефинетите бизнис потреби за работа или организирање на настани, а истовремено нуди и програма за сертифицирање по стандардите на Certiport, во која се вклучени повеќе Microsoft и Adobe компјутерски курсеви, како и курсеви за основи на програмирањето и повеќе понапредни вештини како оние за етичко хакирање, 3д графика, CSS3 и JavaScript.

За само два месеци од постоењето го надминавме бројот од 100 членови кои се вклучени во нашите активности, што преставува јасна потврда на фактот дека на Скопје и Македонија и недостигаше еден ваков центар кој ќе го обедини целиот креативен и бизнис потенцијал. Продолжуваме силно во намерата да направиме бизнис-револуција и да ги создаваме идните лидери во нашата заедница!“ – велат Бојан Коскаров и Филип Манојловски, кои се дел од тимот што управува со центарот.

Во рамки на Creative Hub функционира и програма за изучување на повеќе странски јазици и стручни курсеви наменети за подобрување на менаџерските вештини и познавањето на финансиите (целата листа на курсеви и обуки може да се погледне на овој ЛИНК), a како посебен дел од центарот се и стартап академијата, која има за цел да им помогне на сите претприемачи и луѓе со бизнис-идеи како нивните планови и модели практично да ги развијат, како и креативните работилници, кои за прв пат во Скопје нудат можност за изучување на повеќе различни креативни вештини.

Creative Hub е отворен за сите бизнис-ентузијасти, млади претприемачи, афирмирани бизнисмени, луѓе кои сакаат континуирано да се развиваат и дообучуваат, за сите креативци и IT “нинџи“. Дојдете да се здружиме и заедно да ја направиме промената“ – завршуваат во еден глас Коскаров и Манојловски.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365