Седмото издание на фестивалот на креативни индустрии Скопје Креатива 2018 – оваа година ќе се одржи од 11 – 13 мај 2018 година во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.
,,Скопје Креатива’’ е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија со цел поттикнување и развој на културно-креативната индустрија преку соработки помеѓу уметничко – креативниот сектор со бизнис заедницата. И оваа година „СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2018” обезбеди богата програма од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (проектдизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел… функционални креации), визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативни услуги, изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии.
Во рамките на фестивалот, ќе се одржи ,,Интерактивна работилница за креативен ПР” на 13 мај од 12:00–13:00 (НВО Центар) МКЦ. Предавањето ќе го одржи реномираниот Ралф Ѓони (ПР,Комуниколог)–Албанија, основач на „Футур“. Работи како пиар и во областа на комуникациите повеќе од 18 години и неговото искуство се протега низ Велика Британија, САД и Балканот, а најмногу во Албанија во последниве осум години. За време на неговата работа во Лондон за позната глобална пиар-фирма претставувал неколку земји и работел со нивните влади за промоција на нивниот развој и агенда на инвестиции.
Оваа година мотото на фестивалот е „7 Times 2 Creativity / 7 пати до креативност”.