Home » Во фокусот » Скулптура на мозок од 9000 цвеќиња со порака за опоидната зависност

Скулптура на мозок од 9000 цвеќиња со порака за опоидната зависност

Иако постои јасен консензус во јавноста за катастрофалниот обем и резулати на опоидната епидемија, истото не може да се каже за примената на единствен пристап во борбата против неа. Според едни, зависноста произлегува од недостаток на лична самоконтрола, додека пак според други, таа е хронична медицинска болест.

Непрофитната организација Shatterproof која ја застапува втората теорија, со помош на агенциите McCann Health и McCann New York, избра креативен начин како да го илустрира ефектот на ширење на опоидната зависност врз човечкиот мозок и да ја пренесе својата порака.

На плоштадот Herald Square во Њујорк, тие создале скулптура во форма на човечки мозок од 9000 розеви каранфили. Со изминување на времето, постепено додавале цветови на црн афион како симбол на опоидната зависност.

Секој од случајните минувачи кој ќе извадел еден од црните цветови, со него добивал и порака за карактерот на опоидната зависност како медицинска болест.

„За жал, стигмата се’ уште претставува голема бариера во грижата за луѓето кои имаат проблем со опоидна зависност. Како специјалист по медицина за зависности, секојдневно ги потсетувам луѓето на две работи: зависноста е хронична медицинска болест и таа не е знак на морална слабост. Поголемиот број од зависниците кои ќе добијат соодветен третмат, се опоравуваат,“ истакнува доктор Липи Рој во соопштението за новата кампања на Shatterproof.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365