Home » Во фокусот » Слеп режисер сними реклама за Tommy Hilfiger

Слеп режисер сними реклама за Tommy Hilfiger

Со кампањата за линијата за облека Tommy Adaptive која е наменета за лицата со инвалидитет, брендот “го практикува она што го проповеда” уште во самата продукција

Tommy Hilfiger започна нова кампања за својата модна линија Tommy Adaptive, наменета за лица со инвалидитет, кои во спотот се прикажани во позитивен и инспиративен дух, но тоа не е единствената инспиративна работа во врска со овај спот. Имено, уште еден извонреден факт е дека спотот го режираше слеп режисер, пишува Creativity, заклучувајќи дека Tommy Hilfiger “го практикува она што го проповеда”.

Кампањата е создадена од страна агенцијата Possible, а спотот е во режија на Џејмс Рат, активист, YouTube ѕвезда и режисер, роден со очен албинизам и нистагмус, што го прави слеп човек. Рат претходно работеше филм и за Apple, “Како Apple го спаси мојот живот”, кој исто така ги нагласува можностите на брендот кои ја олеснуваат пристапноста за луѓето со попреченост.

Новиот проект на Рат е првата голема кампања за колекцијата Tommy Adaptive која Tommy Hilfiger ја претстави во 2017 година. Таа е наменета за луѓе кои имаат проблеми со мобилноста и луѓето со други видови на потешкотии кои го отежнуваат облекувањето. За да им биде полесно, оваа линија на облека има посебни додатоци како што се магнетни затворачи и копчиња, како и патенти кои можат да се користат со една рака.

“Во нашиот прв заеднички проект, агенцијата Humble ме поврза со брендот кој ги дели моите вредности и кој ми дозволи да ја раскажам нивната приказна на начин кој е доследен на мојот глас и визија, што за мене е остварување на сонот, а резултатот е навистина посебен спот за колекцијата Tommy Adaptive“, изјави Рат во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365