Home » Digital » Случај Кембриџ Аналитика: Податоци од Фејсбук злоупотребени за изборни резултати?

Случај Кембриџ Аналитика: Податоци од Фејсбук злоупотребени за изборни резултати?

Дел од корисниците на Фејсбук, особено оние кои имаат отворен профил и објавуваат голем број на приватни информации и фотографии на оваа мрежа, често велат дека не се загрижени за она што компанијата знае за нив, бидејќи врз основа на објавените податоци не може да им направат ништо, а тие немаат што да сокријат.

Но голем скандал во кој индиректно можеби е вклучен и Доналд Трамп, покажа што се` можат да направат огласувачките и аналитичките компании врз основа на вашите објави, пријателства, лајкови и групи кои ги следите.

Имено, според информациите кои минатата недела беа објавени од страна на голем број на медиуми, се чини дека не само Русите ги искористиле предностите на најпопуларната социјална мрежа за ширење на политичка пропаганда, туку и некои компании, како што е Кембриџ Аналитика која ја водеше претседателската кампања на Трамп, која за политичко рекламирање искористила податоци од над 50 милиони корисници на Фејсбук кои ги добила на нелегален начин.

Оваа компанија навистина имала пристап до тие податоци, но тие тврдат дека не ги искористиле во предизборната кампања и ги избришале, а Фејсбук на целата ситуација реагираше со суспензија на пристапот до Кембриџ Аналитика до оваа мрежа.

Уште пред неколку години, професорот Александар Коган од Кембриџ преку апликација која се користи од страна на психолозите за тестирање на личноста на корисниците, собрал податоци за 270.000 корисници и нивните пријатели на Фејсбук (вкупно над 50 милиони). Иако оваа апликација на чие користење пристапиле самите корисници на Фејсбук не ги прекршува правилата на однесување на оваа мрежа, проблемот е во тоа што Коган ги доставил тие информации до аналитички компании, што е забрането според правилата на Фејсбук.

Од Фејсбук уште во 2015 година знаеле за овој проблем и од компаниите кои ги  добиле овие информации (не е во прашање само Кембриџ Аналитика) побарале нивно бришење, но се чини дека од Кембриџ Аналитика не ги избришале податоците.

Информациите за функционирањето на компанијата на новинарите им ги откри укажувачот Кристофер Вајли, кој работел во Кембриџ Аналитика – тие во 2014 година без одобрение на Фејсбук и неговите корисници ги искористиле личните информации од овие социјална мрежа за да се развијат систем кој можел да создаде профил на американските гласачи и да им пласира персонализирани политички реклами.

Базата на податоци за корисниците со Фејсбук, како и алгоритмот кој е направен, се моќна политичка алатка која е во состојба да ги предвиди преференциите на гласачите, но, исто така, и да влијание врз нив, особено на оние кои се неопределени.

“Го користевме Фејсбук за да собереме милиони профили на луѓе. И направивме модел за користење на податоците што ги знаевме за нив. Тоа беше основата на која беше изградена целата компанија“, откри Вајли.

Од Кембриџ Аналитика ги демантираат сите овие наводи и велат дека тие ги користат само податоците кои ги добиле на чесен и законски начин, а интересно е и тоа што оваа компанија учествуваше во кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ.

Ќе биде интересно понатаму да се следи овој случај, кој покажа дека пазарот на онлајн политичко рекламирање, како што го нарекува сенаторот Марк Ворнер – е Дивиот Запад, без разлика дали тој е под влијание од страна на Русите за купување на реклами на социјалните мрежи или преку огласување врз основа на податоци кои нелегално се стекнати од аналитички или огласувачки компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365