Home » Digital » Snapcahat загуби три милиони корисници за само неколку месеци поради својот редизајн

Snapcahat загуби три милиони корисници за само неколку месеци поради својот редизајн

Snapcahat не се прослави со својот нов редизајн. За само три месеци изгуби околу три милиони дневни корисници, а нивниот план беше да привлечат нови корисници, а потоа и огласувачи. Но, и покрај тоа, приходите продолжуваат да растат.

Редизајнот на популарната социјална мрежа Snapchat требаше да привлече нови огласувачи и корисници, а на постарите лица да им обезбеди освежување, барем на тоа се надеваше извршниот директор Еван Шпигел. За неколку месеци после редизајнот, над еден милион корисници ширум светот потпишаа петиција барајќи враќање на претходниот изглед. Сепак, компанијата продолжи да ги спроведува своите планови, а тоа резултираше со губење на три милиони корисници.

Snap, компанијата која го поседува Snapchat, вчера објави дека во еден квартал, заради редизајнот, загубиле два проценти од дневните корисници. На тој начин, бројот на корисници падна од 191 на 188 милиони.

“Сметаме дека досега се соочивме со најголеми критики и сакаме да направиме поголем напредок. Имаме можност да ја покажеме вистинската содржина на вистинските луѓе”, рече тој.

Ова е прв пат да изгубат толку корисници откако беше воведен Snapchat и сосема е сигурно дека нема да ги вратат лесно. Но, другите приходи ги исполнија очекувањата и се зголемени за 44 проценти во однос на истиот (втор) квартал минатата година.

За успехот на останатите производи, не се зборуваше премногу. Snap неодамна претстави нова серија на очила Spectacles, но нема информации за тоа како се одвива продажбата. Шпигел само изјави сека “компанијата многу учи” од повратните информации на корисниците и дека ги смета од суштинско значење за идните планови и за производите со проширена реалност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365