Home » Во фокусот » Snapchat кампања на Jim Beam за новиот бурбон со вкус на јаболко

Snapchat кампања на Jim Beam за новиот бурбон со вкус на јаболко

Snapchat е рискантно место за ‘игра’ на алкохолните брендови. 63% од месечните корисници се на возраст помеѓу 13 и 24, оставајќи еден мал дел на луѓе кои се над границата за возрасни. Но, сепак, таа група на возрасни вклучува милиони на милениумци кои користат Snapchat секој ден, поради што платформата е главен маркетиншки приоритет на Jim Beam за оваа есен.

jim-beam-2

Алкохолниот бренд ќе води видео кампања за да го промовира новиот Jim Beam Apple. За време на изминатиот Labor Day викенд, 10-секундни промотивни видеа во кои еден пијалок се лее во чаша со мраз можеа да се погледнат помеѓу големиот број на клипови поставувани од корисниците кои го прославуваа празникот.

“Тоа е одличен начин да се допре до милениумската целна група – во моментов, тоа е ‘бел’, празен простор за нас”, истакна Бритни Данкан, медиа менаџер за САД во Beam Suntory, мајчинската компанија на Jim Beam. “Не е оптоварено со реклами, што ни овозможува да имаме високо ефективна кампања”.

За да бидат сигурни дека рекламите се прикажуваат само на лица кои легално можат да конзумираат алкохол, корисниците се таргетираат врз база на нивниот роденден, нешто што е потребно да се внесе при регистрацијата на профил. Таргетирањето врз база на возраст е една од можностите кои Snapchat ги овозможува.

Платформата обично не нуди многу можности за бредновите базирани врз складираните податоци за корисниците (Еван Спигел, CEO на Snapchat, мисли дека таргетираните реклами се ‘вознемирувачки’), но тоа е еден од основните услови за алкохолните брендови кои мораат да следат строги регулации во адвертајзингот на производите. Bud Light беше првиот бренд кој го тестираше таргетирањето врз база на возраст на Snapchat во мај годинава.

Во меѓувреме, и други алкохолни брендови се приклучуваат на Snapchat. Bacardi моментално води слична кампања со видеа на кои се пприкажани луѓе кои се забавуваат додека пијат коктел од лимонада и рум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365