Home » Digital » Snapchat, со Рио 2016 привлече речиси 50 милиони гледачи само во првата недела

Snapchat, со Рио 2016 привлече речиси 50 милиони гледачи само во првата недела

s3-news-tmp-90538-rio_2016_snapchat--2x1--940

Изгледа дека Snapchat цели кон злато кога станува збор за покриеност со информации за Рио 2016 :). Нивниот тим открива дека во првите 7 дена од Олимпијадата дури 49 милиони гледачи ја користеле апликацијата за добивање информации околу настанот.  

Податоците објавени во Фајненшл Тајмс откриваат дека 1 од 3 корисници на Snapchat апликацијата (од вкупно 150 000 корисници дневно) ги прегледале видеата и приказните кои се однесуваат на Олимпијадата за првите 7 дена од овие игри.

На Snapchat беа поставени видеа (кои исчезнуваат за 24 часа) од спортските настани во живо како и реакцијата на публиката уште од самото отворање на 5 Август.

Мноштво партнерства со глобалните ТВ мрежи, специјални договори меѓу официјалниот радиодифузер на Сад и медиумскиот гигант Buzz Feed креираа соодветни содржини за Snapchat.

Според FT, NBC и Snapchat ги делат приходите од Snap рекламите наменети за рекламирање на Олимписките игри во Рио 2016.

Snapchat може да се пофали со над 10 милијарди дневни прегледи на видеа, со оглед на тоа што веќе го надмина својот ривал Твитер во дневни прегледи на видеа за Игрите.

Твитер потпиша договор за публикување содржини за спорт во изминатите неколку месеци, со што ќе има право да објавува видео материали кои ќе се однесуваат на ноќните трки и настани од Олимпијадата. Додека пак во иден план има креирање на рекламна интернет кампања со која ќе го интегрира големиот Перископ кој за Snapchat претставува важен предизвик заради видео форматот со кој работи.

Фејсбук, исто така, се обидува да се натпреварува во оваа арена преку Фејсбук Live, и покрај тоа што покривањето на Snapchat со видеа во речиси инстант краток период е недостижно и преставува вистински хит за милиони луѓе.

Нилсен проценува дека 41 отсто од сите 18 до 34-годишна возраст во САД ја користеле апликацијата секој ден.

Фејсбук и Твитер се уште не откриваат официјални бројки за гледаност на видеата за Рио 2016 година, но според предвидувањата на eMarketer тоа би биле 2.85 билиони прегледи во текот на времетраењето на Игрите.

Автор Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Скоро 4 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365