Минатата недела во Скопје официјално беше лансирана IPrio (ЛИНК) – нова дигитална платформа која овозможува инстант проверлив доказ за постоење на авторски дела.
Платформата е развиена од македонски тим, како резултат на соработка помеѓу експертиза во интелектуална сопственост и технологија, со цел да се одговори на сè поизразената потреба за заштита на дигитална содржина.
Во време кога содржината се создава и споделува побрзо од кога било, прашањето за докажување авторство станува сè поважно. Иако авторското право постои со самото создавање на делото, во пракса најчестиот предизвик е обезбедување на доказ за тоа кога и од кого е создадено.
„Моментот на создавање е клучен, но токму тогаш најчесто недостига соодветен доказ. Со IPrio сакаме да го направиме тој доказ достапен веднаш, без сложени процедури,“ изјави Катерина Смиљковиќ, основач на Смиљковиќ ИП.

IPrio функционира на едноставен принцип. Корисникот прикачува фајл, по што системот генерира временски печат (timestamp) кој докажува дека конкретната содржина постоела во точно определен момент.
Платформата користи двоен механизам за верификација: доверлив провајдер усогласен со eIDAS регулативата на ЕУ и blockchain технологија, со што се обезбедува висок степен на сигурност и доверливост.
„Нашата цел беше да изградиме решение кое е истовремено технички сигурно и исклучително едноставно за користење. Ако знаете да прикачите фајл, знаете да користите IPrio,“ изјави Гого Рафајловски, ко-основач на IPrio.

Платформата е наменета за широк спектар на корисници, од индивидуални креатори, како дизајнери, фотографи и програмери, до компании кои управуваат со дигитални средства и интелектуална сопственост.
Со ваков пристап, IPrio го поместува фокусот од реактивна заштита кон проактивно обезбедување на доказ, овозможувајќи корисниците да ја заштитат својата работа уште во моментот на нејзино создавање.
Платформата веќе е достапна глобално и може да се користи преку www.iprio.io.
ЗА КОМПАНИЈАТА
Зад платформата IPrio стои компанијата Смиљковиќ ИП, специјализирана канцеларија за интелектуална сопственост со фокус на заштита и управување со интелектуални права.
Компанијата обезбедува услуги во областа на трговски марки, патенти, индустриски дизајн и авторско право, како и заштита на брендови во дигиталниот простор.
Со комбинација на експертиза и практичен пристап, Смиљковиќ ИП работи со компании и креатори на локално и меѓународно ниво, помагајќи им да ја заштитат и развиваат својата интелектуална сопственост.
IPrio е природно продолжение на оваа експертиза, решение кое ја пренесува интелектуалната сопственост во дигиталната ера, правејќи ја заштитата побрза, поедноставна и подостапна.

















