Home » Во фокусот » Со новиот потфат, Тесла се запиша во историјата на маркетингот

Со новиот потфат, Тесла се запиша во историјата на маркетингот

SpaceX оваа недела лансираше една од своите ракети во вселната, а еден од патниците беше и автомобилот Tesla Roadster, сега веќе и официјално, првиот автомобил во вселената!

Елон Маск првиот човек на компаниите SpaceX и Tesla, во вторникот успешно ја лансира ракетата Falcon Heavy, која сега ја носи титулата на најмоќната ракета во светот, а лансирањето го одбележа првиот пат кога толку големо возило е испратено во вселената од комерцијална компанија. Товарот на врвот од „Falcon Heavy“ е автомобилот „Тesla Roadster“, во која е поставената куклата Starman и е првиот автомобил испратен во универзумот.

Покрај тоа што лансирањето очигледно беше еден од најдраматичните моменти во стримингот во живо досега, всушност YouTube стримингот во живо од личниот автомобил на Елон Маск, црвениот Roadster кој орбитира околу Земјата, најверојатно ќe го привлече најголемото внимание и ќе донесе најголема промоција за компанијата за електрични автомобили. Познато е дека компанијата Тесла нема буџет за рекламирање, но сепак успеа дефинитивно се запишe во историјата на автомобилскиот маркетинг.

Целата работа е донекаде потсетува на мисијата „Stratos“на Ред Бул, во која падобранецот Феликс Баумгартнер скокна од балон од висина од 24 милји и безбедно слета на земјата. И оваа акција беше емитувана во живо низ целиот свет, со интензивно брендирање на Red Bull.

За споредба, потегот на Тесла не е толку отворено брендиран со нивните логоа, но дефинитивно е поамбициозен. Потребни биле околу 500 милиони долари инвестиција на SpaceX за да се обезбеди успешен развој и лансирање на ракетата Falcon Heavy.

Маск, беше релативно скромен кога станува збор за улогата на Roadster во тест-летот, и само на Твитер постави линк за проследување во живо со коментар: “Очигледно, во орбитата на земјата се наоѓа автомобил“.

Поголемиот дел од разговорите на социјалните мрежи по повод лансирањето на SpaceX и епското патување на Tesla Roadster се позитивни, а многу гледачи беа возбудени затоа што Америка повторно амбициозно се враќа во вселената.

Автомобилот сега има долго патување пред себе, движејќи се во орбитата околу Сонцето, а потоа и многу далеку од својата матична Земја. Првичниот план беше да стигне речиси 250 милиони милји од Земјата и да се приближи кон Марс, пишува Space.com. Сепак, ракетата која го носи автомобилот ја надмина целта, што значи дека ќе помине низ орбитата на Марс и ќе влезе во астероидниот појас.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365