Компанијата Вип го почнува својот нов проект „VIP Experience“, иновативна програма за регрутирање млади таленти. Ова не е обичен оглас за вработување на коj младите само ќе отидат на интервју и потоа ќе добијат известување дека се или не се примени. Вип на транспарентен, невообичаен и креативен начин ќе се обиде да најде нов млад кадар и да внесе свежина во своите редови.
Со „VIP Experience“ програмата сите кандидати ќе поминат низ интересен процес на селекција. Најдобрите претходно ќе се запознаат со работата и тимот во Вип, ќе работат на конкретни задачи, а целиот процес ќе ѝ биде достапен на јавноста.
– Наша постојана мисија е да ги инспирираме, мотивираме вработените, но и да им понудиме работна атмосфера во која секој може да го даде својот максимум – вели Јовановски.