Home » Во фокусот » Социјалните медиуми –најрелевантен извор на информации!

Социјалните медиуми –најрелевантен извор на информации!

Првиот Global Relevance Review извештај на агенцијата Golin, во рамките на кој се анкетирани 13.000 луѓе од 13 земји, покажа дека социјалните медиуми  сега се сметаат за најрелевантен извор на информации ширум светот. Дури 59% од испитаниците ги наведуваат овие извори како важни за нивното лично размислување.

Телевизијата е на второ место (57%), „од уста до уста меѓу пријателите и семејството“ е на трето (45%), додека весниците и онлајн вестите се на последно место, со 42%, односно 41%.

„Од уста до уста“ им е поважно на жените (50%) отколку на мажите (39%), додека машката популација ги смета весниците порелевантни во нивните животи (44%) отколку жените (37%).

Студијата покажа дека 54% од испитаниците ги привлекуваат информации кои се корисни и практични, додека 53% бараат информативни вести. Само 35% од испитаниците изјавиле дека наоѓаат релевантност во информациите кои се забавни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365