Home » Во фокусот » Софија Пенева е нов претседател на бугарската асоцијација на комуникациски агенции

Софија Пенева е нов претседател на бугарската асоцијација на комуникациски агенции

(РЕГИОН) – Бугарската асоцијација на комуникациските агенции (БАКА) избра нов Управен одбор за време на генералното собрание на организацијата, спроведена на крајот на ноември.

Директорката на Graffiti BBDO, Софија Пенева ќе го замени Красимир Гергов од “РА Кресна” како претседател на БАКА.

sofija peneva

Гергов ќе остане во структурата, но на позиција заменик-претседател заедно со директорот на New Moment New Ideas Company, Ненад Лозович.

Во составот на новиот Управен одбор на БАКА влегуваат и Екатерина Тупарева (Ogilvy Group Бугарија), Николај Неделчева (Pubicis MARC Group) и Чавдар Кенаров (Noble Graphics), како и Десислава Олованова (reforma), која го зазема местото на досегашниот член Добромир Джуров ( Havas Worldwide Sofia).

На генералното собрание на здружението беа прифатени и петмина нови членови: медиските агенции Café Reklam, Media Direction OMD и “Пјеро 97”, и креативните агенции Nitram и “Пастън”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365