Home » Во фокусот » Специјално дизајнирани Coca-Cola шишиња посветени на Сараевскиот филмски фестивал

Специјално дизајнирани Coca-Cola шишиња посветени на Сараевскиот филмски фестивал

Сараевскиот филмски фестивал (SFF) е најголемиот и најзначајниот настан од светот на седмата уметност во овај дел на Европа. Покрај признатите филмски уметници, познатите филмски ѕвезди, угледните гости, посебно место на црвениот тепих оваа година им припадна на Кока кола “фестивалските шишиња“. По повод одбележувањето на две децении успешна соработка на SFF и компанијата Coca-Cola, креативниот тим на агенцијата McCann Сараево дизајнира во фестивалскиот дух, алуминиумски шишиња од омилениот пијалак како симболичен подарок од Coca-Colа за овај фестивал, но и градот Сараево.

coca cola specijalno dizajnirana

Веќе дваесет години ја поддржуваме филмската уметност, овај фестивал и се што тој значи за Сараево, но и за цела БиХ. Како еден од лидерите во маркетинг иновациите во светот, со помош на агенцијата McCann Сараево, креиравме посебно издание на алуминиумски шишиња кои го слават нашето парнерство со фестивалот, креативноста, уметноста и  секако самиот Сараевски филмски фестивал, изјави Lejla Zorlak, Franchise Manager на компанијата Coca-Cola БиХ која е од самиот почеток со SFF.

Дизајнирани да ја слават магијата која спојува и трае веќе 20 години, алуминиумските шишиња се обоени со препознатливата Coca-Cola црвена боја која истовремено го симболизира црвениот тепих дополнет со познатата визура на Народниот театар на Сараево.

Симболите на SFF, црвениот тепих на кој поминуваат најголемите филмски ѕвезди и Народниот театар, во кој се прикажуваат фестивалски наслови во кои ужива публиката, прогласувањето на победниците, оддавањето на признанија и врачувањето на наградите посебно на успешните уметници во областа на седмата уметност, беа моја водилка во изборот на елементите кои сакав да ги вметнам во дизајнот на шишињата кои го симболизираат партнерството на двата успешни бренда, Coca-Colа и Сараевскиот филмски фестивал“, изјави  Maida Hambo, арт директор на McCann Сараево.

Специјалното лимитирано издание на Coca-Cola шишињата посветени на фестивалот, достапни само во текот на оваа манифестација, веќе станаа сувенир и подсетник на незаборавните моменти на SFF кои со Coca-Cola шишињата ги забележаа и осмислија креативците од агенцијата McCann Сараево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365