SPI International прави голем чекор во својот корпоративен развој и станува CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe

SPI International, компанија во составот на CANAL+, влегува во ново поглавје од својот развој во рамките на глобалните структури на CANAL+ и го менува името во CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe. Новото име ја одразува стратешката улога на компанијата во рамките на CANAL+ Benelux & Central Europe, нагласувајќи го нејзиниот фокус на создавање содржини, развој на телевизиски канали, обликување на нови брендови и стриминг сервиси на пазарите на Бенелукс и Централна Европа.
„Новото име подобро го одразува тоа кои сме денес, нашиот стратешки фокус и нашата мисија на широката публика да ѝ понудиме врвни забавни искуства, останувајќи притоа верни на ДНК-то на CANAL+“, изјави Ерван Лухерн, генерален директор на CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe и извршен потпретседател за содржини и издаваштво во CANAL+ Benelux & Central Europe.
„Оваа промена ја одразува нашата амбиција дополнително да го зајакнеме присуството и понудата на содржини на CANAL+, а истовремено претставува важен чекор во поддршката на нашата стратегија за раст низ Европа. Трансформацијата на SPI International во CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe ја зацврстува нашата посветеност на градење на препознатливи и конкурентни понуди на забавни содржини“, изјави Јасин Бузуба, главен извршен директор на CANAL+ Benelux & Central Europe.
CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe е посветен на носење забава до публиката ширум светот како еден од водечките даватели на содржини, ТВ канали и стриминг сервиси во Централна и Источна Европа и во адрискиот регион. Компанијата е експерт за лансирање и управување со брендирани ТВ производи и моментално управува со повеќе од 50 канали и два стриминг сервиси. Во срцето на нејзиното работење е управувањето со целиот пат на содржината, од создавање и селекција, преку дистрибуција, до конечното доставување до публиката.
CANAL+ CONTENT Benelux & Central Europe е еден од водечките провајдери на телевизиски содржини, канали и стриминг услуги во регионот на Бенелукс, Централна и Источна Европа и јадранскиот регион. Компанијата има долгогодишно искуство во лансирање и управување со телевизиски брендови, а моментално управува со повеќе од 50 телевизиски канали и два стриминг сервиси на меѓународно ниво. Нејзиното работење го опфаќа целиот процес на создавање и пласирање содржини – од продукција и избор на содржини, преку продажба и дистрибуција, до нивното доставување до широката публика.
CANAL+ е глобална медиумска и забавна компанија со водечки позиции на пазарите во Европа и Африка. Повеќе од 40 милиони претплатници ја користат платформата CANAL+, која нуди богата програма од домашни и меѓународни филмови, спортски преноси во живо, телевизиски серии и други забавни содржини. Компанијата работи во повеќе од 70 земји и има околу 15.000 вработени.
CANAL+ е присутна во сите сегменти на аудиовизуелната индустрија, вклучувајќи продукција, емитување, дистрибуција и обединување содржини на различни платформи. Покрај платената телевизија и стриминг услугите во Европа, Африка и Азија, групацијата ги опфаќа и MultiChoice Group, водечката платформа за забава во Африка; STUDIOCANAL, едно од водечките европски филмски и телевизиски студија со глобални продукциски и дистрибутивни капацитети; Dailymotion, меѓународна видеоплатформа која користи напредни сопствени технологии за дистрибуција на видеосодржини, рекламирање и монетизација; како и CANAL+ Distribution, компанија специјализирана за создавање и дистрибуција на разновидни телевизиски содржини и канали. Групацијата обезбедува и телекомуникациски услуги преку CANAL+ Telecom Africa во Африка и CANAL+ Telecom во француските прекуморски територии.
Дополнително, CANAL+ поседува малцински сопственички удели во Viaplay, водечкиот провајдер на забавни содржини во Скандинавија, Viu, една од водечките стриминг платформи во Југоисточна Азија, и UGC, една од водечките кино-компании во Франција.













