Home » Во фокусот » Српскиот пример за важноста и импактот на нашата индустрија!

Српскиот пример за важноста и импактот на нашата индустрија!

(РЕГИОН) – Според податоците на Стопанската комора на Србија, креативната индустрија во оваа земја допринесува со околу 4,6% во бруто домашниот производ, а во оваа индустрија се вработени над 4% граѓани во Србија. Исто така, креативната индустрија има силен извозен потенцијал, со преку 25% раст на извозот годишно и е еден од најбрзо растечките сегменти на српското стопанство.

Значењето на оваа индустрија од економска и социјална гледна точка е извонредно, а претставува и дополнителен генератор на приходи. Истовремено, креативната индустрија и вработените во неа имаат круцијално значење во поттикнување на културната разновидност и позитивно влијае на културата како таква, образованието и развојот на целокупното општество.

Во време на постојани промени и иновации, и глобализацијата која стана општ поим во комуникацијата, креативната индустрија претставува особено важен дел на секое општество, бидејќи го гради имиџот на различните брендови и компании и учествува во развојот на културата и идентитетот на секоја земја. Гледајќи ја од таа перспектива, значењето на нашата индустрија е извонредна, посебно од аспект на тоа што можност за вработување во агенциите пред се`, добиваат млади луѓе кои се потешко наоѓаат работа“, вели Весна Чераниќ, Associate Partner во агенцијата за интегрирани комуникации Executive Group.

Таа додава дека креативната индустрија некогаш претставуваше сон за работа без вообичаени ограничувања, сон за креативност, неформалност и отвореност на умот, додека денес владее впечаток дека всушност, оваа индустрија веќе не е толку привлечна, како за вработените, така и за потрошувачите, како во светот, така и кај нас.  “Размислувавме за тоа што би можеле агенциите да направат за адвертајзингот и креативната индустрија да го вратат стариот сјај? Всушност, само она што најдобро го работат – да бидат креативни. Затоа Executive Group, по повод 5-тиот роденден на Marketing mrežа, осмисли и во соработка со основачот и уредникот на порталот, Ивана Парчетиќ Митиќ, започна општествено одговорна акција за враќање на довербата во адвертајзинг индустријата и креативноста, повикувајќи ги сите агенции да осмислат кампања на подарок, за некои од избраните социјално ангажирани претпријатија и здруженија, без надоместок и финансиски интерес“, додаде Чераниќ.

Започнатата акција #КампањаНаПодарок покажа колку е важно вработените во креативната идустрија да се поврзат и така, со заеднички сили да ја унапредат заедницата во која работат и живеат, давајќи значаен придонес.

“Креативната индустрија е многу важна бидејќи, без оглед на тоа со кој вид на бизнис се занимаваме, во ситуација каде пазарот станува глобален и постои сурова борба за внимание од потрошувачите и клиентите, единствената работа која брендовите ќе ги издвои од конкуренцијата е креативноста”, изјави Владимир Ќосиќ, дигитален креативен директор на агенцијата McCann Белград.

Невена Куртовиќ, директор на агенцијата Fusion Communications, вели дека единствен начин да се привлече вниманието на некои теми е креативно да им се пристапи. “Во морето на информации на кои просечниот човек е денес изложен, се` станува невидливо, банално и трае само еден ден, ако не е доволно креативно. Креативниот пристап на целокупното работење, а не само само негова промоција е нешто што би влијаело на растот и развојот на сите стопански субјекти, па и на стопанството на Србија воопшто, бидејќи сите би сакале да бидат дел од тоа.”

Креативната индустрија е всушност двигател на иновативноста и во другите индустрии кои, исто така, учествуваат во БДП во една земја. Со самото тоа е многу важен фактор во развојот на стопанството на една земја, а особено за Србија во која креативниот потенцијал е на многу високо ниво“, додаде Бојан Нинковиќ, Managing Director & Chief Consultant во агенцијата Mullen Lowe&Friends.

Углеша Врцељ, основач на агенцијата Super Dot, оцени дека креативната индустрија во Србија е можеби најдобар пример како се постигнуваат добри резултати и во атмосфера на општо немање – недостаток на вистински пазар, капитал, време, можности, шанси. “И сето тоа е точно, но истовремено е и еден голем изговор, кој за среќа креативната индустрија го отфрли и храбро се фати во костец со предизвиците, и победи! Победи благодарение на својата отвореност, подготвеност, спремност за учење, со прифаќање на иновациите, усвојување на нови, напредни алатки, постојана работа на развојот и унапредување на сите сегменти кои ја сочинуваат нашата креативна индустрија.”

Со цел да го дадат својот придонес кон заедницата и развојот на социјалното претприемништво, по повод 5-тиот роденден, порталот Marketing mreža започна општествено одговорна акција #КампањаНаПодарок, а која ја поддржаа и активно се приклучија дури 17 креативни, ПР и дигитални агенции во Србија.  

Агенциите кои се вклучија во акцијата #КампањаНаПодарок се McCann Белград, Orange Studio, Fullhouse Ogilvy, Popular, SuperDot, New Media Team, Smart Vision, Havas Adriatic, Mullen Lowe&Friends, Degordian, Fusion Communications, April Studio, Web Media Agency, Rod & Rope, Idea+ Communications, LUNA\TBWA и Комуникациска лабораторија.

Тие ќе ги донираат кампањите на социјалните претпријатија Koba Yagi, Eco Beg, Bioidea, DajDaj, Mamin san, Agro Iris, Lice Ulice, здруженијата WWOOF Србија, Живееме заедно, Шанса за родителство, Банка за храна, Непрактична жена, HAE Србија, Здружението за поддршка за развојот на децата и младината ANA, Градската организација на слепи во Белград, Друштво на математичери Србија, како и Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Покрај агенцијата за интегрирани комуникации Executive Group, која како креативен партнер ја осмисли акцијата #КампањаНаПодарок и даде подршка во нејзината реализација, OOH партнери на акцијата се компаниите Alma Quattro и DPC Group. Arena Sport TV е медиски партнер на акцијата.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365