Starbucks ја отвори својата прва продавница целосно брендирана на знаковен јазик која ќе овозможи вработување за повеќе луѓе кои се глуви или имаат проблем со слушањето, соопштија од компанијата.
Сите вработени во продавницата во Washington DC, САД, познаваат најмалку два јазици – англиски и американскиот знаковен јазик. Според Starbucks, овој концепт кој за прв пат сега се појавува во САД е инспирација од посетата на слична продавница во Куала Лумпур, Малезија во 2016 година
Компанијата соработуваше со дизајнери и уметници кои се глуви или имаат проблеми со слушањето со цел да создадат олеснително искуство за своите потрошувачи кои се корисници на знаковниот јазик. Вработените во продавницата ќе ја носат класичната зелена престилка, но под логото ќе биде испишано и името на компанијата на знаковен јазик.
„Многу сум среќна што се отвори првата продавница на знаковен јазик тука во Америка, особено што целосниот дизајн на продавницата создава пријателска околина за глувите луѓе, има вработени кои го користат знаковниот јазик и е креирана со уметност на глуви луѓе“, изјави Џена Флојд, глув уметник чии дизајн е употребен за чашите кои се користат во продавницата.
„За потрошувачите кои немаат проблем со слухот и не го знаат знаковниот јазик, оваа продавница им нуди можност да научат нешто ново. Можеби како да го изразат зборот еспресо на знаковен јазик, или едноставно да направат мал увид во културата на луѓето кои имаат проблеми со слухот,“ стои во соопштението на Starbucks.