Home » Во фокусот » Стартува Академија за претприемништво за млади од Македонија, Грција и Романија

Стартува Академија за претприемништво за млади од Македонија, Грција и Романија

Стартува проектот „Претприемничко учење за млади“ чија што крајна цел е преку едукацација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ja намали невработеноста и да гo развива претприемништвото во Република Македонија.

Проектот ќе се реализира преку Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица – по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Академијата ќе започне да функционира во јули годинава и ќе трае до јули 2018 година.

Преку оваа Академија ќе им дадеме конкретна поддршка на младите претприемачи да ги развиваат своите бизнис вештини, ќе им дадеме конкретна поддршка во развојот од идеја до конкретен бизнис план и ќе им обезбедиме бизнис консултанти и ментори кои ќе им го пренесат своето знаење во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Со еден збор ќе им го олесниме патот во етаблирање на нивниот бизнис“, изјави Јован Сталевски, претседател на организацијата ЦЕФЕ Македонија, на денешната презентација на проектот „Претприемничко учење за млади“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата, а заеднички го имплементираат: Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.

Повеќе информации на http://cefe.mk/

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365