Home » Во фокусот » Стави ја на мапата!

Стави ја на мапата!

Половина од 320 милиони луѓе кои живеат во САД се жени, но само 8% од спомениците во оваа земја се посветени на жените.

Нерамнотежата е присутна и кај називите на улиците, зградите и другите статуи, поради што агенцијата BBDO New York одлучи да направи нешто по тоа прашање.

Агенцијата неодамна го започна проектот „Put Her on the Map“ којшто има за цел да ја подигне свеста за славните жени, така што повеќе јавни добра да бидат именувани по нив, и да се сврти дополнително внимание на оние места и споменици кои веќе одаваат почит на славните жени од американската историја.

Девојчињата од ТВ спотот кој ја следи кампањата го илустрираат проблемот на наједноставен, највпечатлив начин: се обидуваат да се сетат на некои работи кои се наречени по жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365