Пивскиот бренд Stella Artois ја претстави новата рекламна кампања инспирирана од втората сезона на популарната серија „The Gentlemen“ на Netflix, во која главните улоги ги имаат актерот Тео Џејмс и фудбалската легенда Дејвид Бекам.
Кампањата го спојува препознатливиот стил на серијата – совршени манири, аристократска елеганција и прикриена закана – со ритуалот на правилно послужување на пивото Stella Artois.
Во центарот на кампањата е 90-секундниот филм, во кој Тео Џејмс, во улогата на Еди Хорниман, војвода од Халстед, присуствува на аукција за необично вреден бик. Откако Еди ќе понуди 1,5 милиони фунти, Дејвид Бекам неочекувано се вклучува во наддавањето со понуда од 3 милиони фунти. Тогаш Еди му порачува на својот човек да го „освежи“ гостинот, по што на Бекам му е послужено пиво од Stella Artois.
Но, зад наизглед учтивото послужување се крие јасна порака. Човекот на Еди со нож ја отстранува пената од врвот на пивото – чекор познат како „The Cut“, четвртиот од петте чекори на ритуалот „The Gentlemen’s Serve“. Бекам ја разбира пораката и набрзо ја повлекува понудата. „Никогаш не го доведувај бикот во тесно, Дејвиде“ – му вели Еди, додека поранешниот фудбалер видно непријатно се враќа на своето место.
Покрај главниот филм, кампањата вклучува и пет кратки видеа од по 15 секунди, посветени на петте чекори од ритуалот на послужување: „The Clean-Up“, „The Sacrifice“, „The Angle“, „The Cut“ и „The Judgment“. Бекам се појавува и во „The Angle“, каде што, со ногата во гипс под агол од 45 степени, сосема случајно ја демонстрира идеалната позиција за држење на чашата при точење Stella Artois.
Кампањата ќе се емитува на стриминг-платформата Netflix на осум светски пазари: САД, Велика Британија, Канада, Бразил, Колумбија, Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја, при што ќе биде проследена и со содржини на социјалните мрежи.















