Home » 365 After 5 » Стинг со нов концерт во Македонија

Стинг со нов концерт во Македонија

Авалон продукција денеска “испрати“ новогодишна честитка до сите македонски љубители на добрата музика со својата најава дека во 2019-година, Скопје ќе биде повторно домаќин на еден од најдобрите светски изведувачи Стинг.

Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува „best off tour“, Стинг во Скопје на 2 Јуни 2019,  ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Police“ и од соло-кариерата.

„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни што ќе можат повторно да се слушнат вечерта во Скопје.

Тоа што е интересно е дека овај концерт е планиран да се одржи на стадионот Телеком Арена во Скопје што воедно ќе биде и прв ваков концерт со мега-звезда од светски рамки во Македонија.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба в среда (19 декември) во 9 часот наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365