Home » Digital » “Стоби Флипс” – пример за успешно развиена Фејсбук фан страна

“Стоби Флипс” – пример за успешно развиена Фејсбук фан страна

Доколку редовно го користите Facebook, сигурно во изминативе неколку месеци сте забележале некои од необичните фотографии направени од фановите на Стоби Флипс кои беа објавени на нивната официјална Facebook страница. Како еден од ретките брендови кај нас кои можат да си дозволат поголемиот дел од содржината да биде креирана од самите фанови, а со тоа да им се препушти носечката улога во целата комуникација, за поздравување се активностите од страна на брендот – наместо стандардните, еднонасочни рекламни објави, главниот фокус на Facebook страницата на Стоби Флипс е даден на корисниците и user generated content.

Генерирање на голема количина на содржина од страна на самите фанови се смета за највисоко достигнување на еден бренд на социјалните мрежи. На страната која во моментов има околу 146.800 фанови, од кои според SocialBakers 133.840 се локални, истражувајќи подетално избројавме над 300 фотографии на ѕид поставени од самите корисници, од почетокот на годината до денес.

stobi flips 3

Сакајќи да дознаеме малку повеќе, ги контактиравме Brand Union, маркетинг агенцијата задолжена за онлајн комуникацијата на Стоби Флипс:

– Навистина сме среќни што можеме да кажеме дека успешно изградивме онлајн заедница околу Стоби Флипс, на која и оставаме голем простор да влијае врз содржината која самиот бренд ја споделува.

 Забележавме дека фановите се доста горди кога се споделуваат нивни фотографии и го прифаќаат овој наш потег како предизвик да направат креативни содржини кои ќе бидат доволно интересни да бидат објавени на страницата.

 Ги запрашавме и на кој начин ги поттикнуваат самите фанови да испраќаат толку многу фотографии?

-Нашиот главен фокус при развојот на комуникациските акитвности на Стоби Флипс се барањата и коментарите на публиката, токму затоа не изостануваат и добрите резултати. Во моментов активно водиме 3 албуми произлезени од три мини кампањи, кои редовно се надополнуваат со нови фотографии од корисниците.

„Стоби Флипс фанови“ е албум кој се апдејтира од самите почетоци на страната. Моментите на грицкање Стоби Флипс „уловени“ со фотографии во најразлични ситуации го наоѓаат своето место токму во овој албум.

#КажиФлипс беше онлајн забавна кампања во траење од 1 месец која ги поттикнуваше фановите да се фотографираат со „Стоби Флипс запчиња“, а успешноста покрај големиот број на добиени фотографии, ја гледаме во тоа што сè уште добиваме фотографии со препознатливите „запчиња“.

stobi flips foto 1

Албумот „Патуваме со Стоби Флипс“ кој е во моментов во фокус, има за цел да ги поттикне фановите да се фотографираат со флипсовите кога патуваат. На наше задоволство  добивме голем број на необични фотографии, од преполни куфери со Стоби Флипс, до фотографии под вода, под земја, на небо, на вулкани или на некои егзотични локации – велат од Brand Union.

Нема ништо поубаво и покорисно за брендот кога самите фанови се директните креатори на содржината која се комуницира со другите фанови, тоа е најприродниот пат за поврзување на брендот со самите корисници, кога самите создаваат заедница, која ја растат и развиваат заеднички. Секако, улогата на тие што стојат позади водењето на фан страните е од големо значење бидејќи бара голема посветеност и навремена антиципација на моментите кои го насочуваат развојот на заедницата. Стоби Флипс е пример за успешно развиена локална фан страна од која сите можеме нешто да научиме !

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365