Светот изгуби херој со смртта на Коби Брајант во хеликоптерска несреќа. Тој беше познат по својата неприкосновена посветеност кон кошарката, емоционално пренесена во неговиот краток филм “Dear Basketball” кој освои Оскар за најдобар анимиран краток филм во 2018 година.
Брајант беше извршен продуцент и наратор на филмот, создаден од страна на неговата сопствена компанија Granity Studios, во соработка со аниматорот и филмски режисер Глен Кин, со музика од холивудската легенда Џон Вилијамс. Петминутниот анимиран филм ја оживеа поемата која Брајант ја напиша објавувајќи го своето повелкување од спортот на 29 ноември 2015 во публикацијата “The Player’s Tribune”, генерирајќи преку 50 милиони прегледи ширум светот во деновите по првичното објавување.
„Dear Basketball е приказна за детето ви сите нас, за нашите соништа и да сакате нешто толку многу што знаете кога е време да кажете збогум. Глен Кин и Џон Вилијамс се мајстори на своите занаети и внесуваат толку чиста емоција во оваа приказна како што не верував дека е возможно,“ истакна тогаш Брајант во соопштение.
Во филмот се зборуваше за неговите пост-НБА аспирации, кои вклучуваа создавање повеќе приказни преку Granity Studios со цел да едуцира, забавува и инспирира. „Го создадовме овој филм со искрена надеж дека ќе резонира и ќе инспирира фанови од сите возрасти, во сите сфери од животот, да бидат најдобрата верзија на себе,“ додаде Брајант. Професионалната изведба на филмот зборуваше за тоа каква страст Брајант внесуваше не само во спортот, туку во сѐ што тој сакаше да постигне.
Филмот “Dear Basketball” оригинално беше емитуван на сега нефункционалниот стриминг сервис на Verizon, go90, а беше дел и од содржините емитувани во Стејплс Центарот во Лос Анеџелес за време на церемонијата во која кошаркарскиот тим Лејкерс ги повлече броевите 8 и 24 кои Брајант ги носеше на својот дрес. Филмот беше стримуван и на платформите Yahoo Sports, AOL и Complex.