Home » Во фокусот » Супер гости на новото издание на Бизнис кафе Македонија

Супер гости на новото издание на Бизнис кафе Македонија

На 31-ви март во кафе бар Стоби од 18:00 часот ќе се одржи 15-тото по ред Бизнис кафе Македонија.

Гости на настанот ќе бидат: Г-ѓа Ира Стефанов Бабиќ – Ко – сопственик и директор на Brand Union, Г- а Мартина Димоска – најдобар македонски студент, најмлад иновативен научник и најмлад N.A.S.A ментор за 2015 г, Г- дин Филип Ачкоски – Регионален менаџер за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово во хрватската фармацевтска компанија PrarmaS и Г-динот Пеце Ацев – Водител и PR, co – fоunder на Рековинст АБ.

biznis cafe 15 2

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе, вода или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 300 денари.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365