Тоа е единствена регионална програма која ги наградува стручњаците на полето на комуникацискиот менаџмент и се доделува на поединци кои со својата работа, професионалност и љубов кон комуникациските процеси оставиле трага во развојот на професијата, односи со јавност.
Овогодинешниот добитник на наградата „PRO.PR Awards“ од Македонија, како што на Маркетинг365 веќе известивме и претходно, е Г-ѓа Виолета Цветковска, Раководител на секторот за односи со јавност на општина Карпош.
„PRO.PR Awards“ постојат од 2012та година, кога беа формирани по повод обележување на 5-годишнината од PRO.PR конференцијата, прва меѓународна конференција за комуникациски менаџмент во југоисточна Европа. Вкупно се доделени 22 награди, од кои наградата „Vision City“ ја доби градот Котор, а наградата која се доделува на менаџерот од државата во која се одржува конференцијата, „Vision Manager„ е Г-дин Есад Заимовиќ од Комерцијална банка АД Подгорица.
Добитници за оваа година, покрај Г-ѓа Цветковска од Македонија се и Олга Пејович и Петра Јуванчич од Словенија, Драгана Ротер, Милица Ѓокиќ и Јелена Шаренац од Србија, Мартина Сокач Сарага, Горан Пиварски и Дијана Ѓерѓ од Хрватска, Жељка Бајрамовиќ, Наташа Алексиќ, Селма Риѓановиќ Кеновиќ од Босна и Херцеговина и Данило Калежиќ, Марија Јововиќ и Радоје Церовиќ од Црна Гора. Помеѓу добитниците се и угледните европски комуникациски стручњаци Чарлс Скинер и Сукјит Гревал од Велика Британија, Луиса Пиаца од Италија, како и Петер Н. Тиер од Австрија.
15тата по ред PRO.PR конференција ќе се одржи во Хрватска во Крапинско-загорската област во Тухељски Бањи од 18-20 мај 2017.
“15 годишната традиција и нашата гордост на организацијата, не е мала работа посебно ако знаете дека секоја година организираме случување во различна земја. Пред нас имаме голем предизвик. Со припреми за оваа конференција започнуваме уште утре.“ изјави Претседателот на Организацискиот одбор откривајќи ја дестинацијата на која и припадна честа да биде домаќин на PRO.PR конференцијата.