Home » Во фокусот » Свет кој сеуште не сте го запознале…

Свет кој сеуште не сте го запознале…

Прашањето со кое креативците од McCann Белград се соочувале за цело време работејќи на новата кампања за mts, било очигледно: „Колку креативни можеме да бидеме во секојдневието?“ а нивниот одговор на тоа прашање бил уште поочигледен “креативен инает“.

Така ја направија кампањата за mts, “Светот кој сеуште не сте го запознале”, која ги предизвикува гледачите да им пристапат на реалноста на еден потполно поинаков начин. Резултат е кампања со живи бои и крајно неочекувани ситуации, кои го задржуваат вниманието на гледачите и ја прават кампањата повпечатлива.

Да бидеме јасни, ние сме креативна агенција. Нашето мото е многу прецзно: во секој момент да се биде максимално креативен, да се даде и тогаш кога мислиме дека се` е направено. Секогаш постои чекор понатаму, скала повеќе, каде што се отвара еден нов хоризонт на можности. Тоа поле треба да се користи без страв и длабоко уверување дека тоа “нема шанса да помине кај клиентот“, наведуваат од агенцијата.

Режисер на оваа реклама е Коста Глушиќ, со кој агенцијата соработува веќе долги години, а од агенцијата напоменуваат дека ваков пристап на имиџ и иновативност може да поддржи единствено бренд кој е сигурен во својата вредност на пазарот, бренд кој верува на своите тимови кои доаѓаат од агенцијата и продукцијата.

Довербата доведува до ослободување на фантазијата, фантазијата доведува до креирање, а креацијата произведува резултати со кои на крајот на денот сите можеме да бидеме задоволни“ се наведува во соопштението од  McCann Белград, која ги повикува сите клиенти и креативци:  „Направето од новото ново, полудете, “распукајте“, направете го овај пазар вреден за внимание и имајте доверба едни во други. Притоа, резултатот е очигледен и верувале или не, може да дојде во 30 секунди“.

Креативен тим:

Креативци:  Владимир Вуковиќ, Кристина Јовановиќ

Accountsb: Горан Јовиќ, Владимир Поповиќ

Креативен директор:  Јана Савиќ Растовац

Стратешки планер: Александар Милојевиќ

Продукција: Tuna Fish Studio

Режисер:  Коста Глушиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365