Home » Extra 5 » “Светот на Биби“ претставен на Kidscreen summit, најголем настан од индустријата за детска забава во Мајами

“Светот на Биби“ претставен на Kidscreen summit, најголем настан од индустријата за детска забава во Мајами

„Нетфликс“, „Дримворкс“, „Картун нетворк“ се запознаа со Биби

Проектот „Светот на Биби“ беше промовиран на „Кидскрин самит“, најголемиот настан посветен на детската забавна индустрија во САД, а се одржа во Мајами, Флорида. Настанот од светски калибар, кој на едно место ги собира сите големи брендови посветени на детската забавна индустрија, се одржа од 11 до 14 февруари.

За промоцијата на „Светот на Биби“ се погрижи Сарита Кастиљо, извршен директор на „Линкс студио“, најголемото студио за 2Д-анимации во регионот.

-Ми беше огромно задоволство во светот на менаџерите на најголемите ТВ и филмски компании кои се обраќаат на детската публика, да ја претставатам Биби и нејзиниот свет. Реакциите се одушевувачки и се надевам дека ќе ѝ отвориме голема врата на Биби пред поширока публика. Реализирав средби со претставници на многу компании, меѓу кои: „Нетфликс“, „Дримворкс“, „Картун нетворк“, „Сони“, „Мател“ и други – вели Kастиљо.

„Кидскрин самит“ е светски признат настан од областа на забавната индустрија посветена на децата. Во 2018 година конференцијата пречека повеќе од 2000 учесници од повеќе од 50 земји. Врвни менаџери присуствуваат на „Кидскрин самит“ за да бидат дел од најголемото бизни-вмрежување, но и да се вклучат во критичен дијалог на теми што се однесуваат на индустријата.

Покрај „Светот на Биби“, Кастиљо го претстави и „Јон Вардар и галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, првиот македонски долгометражен анимиран филм, кој се очекува да биде готов за две години.

Најголемото 2Д-студио за анимации во регионот – „Линкс студио“ стана партнер на „Еф-Три“ во меѓународната промоција на проектот „Светот на Биби“. Приказната за Биби и Боби ќе добие можност да ги напушти границите на нашата земја и да биде презентирана на саеми наменети за производи со детска видеосодржина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365