Home » Во фокусот » Светски познати продуценти доаѓаат во Дубровник за да дискутираат за пласманот на локалните содржини на глобалниот пазар

Светски познати продуценти доаѓаат во Дубровник за да дискутираат за пласманот на локалните содржини на глобалниот пазар

Локалнaта продукција на содржини e  важна тема за која ќе се дискутира на New Europe Market од 11 до 14 јуни во Дубровник, каде што повторно и оваа година ќе се соберат водечките експерти од областа на телевизијата, менаџери и членови на управата на телевизиски компании, оператори од целиот регион и продуценти, како и други медиумски професионалци

Некои критичари и аналитичари на пазарот сметаат дека постојано растечката локална продукција придобива нови гледачи и ги задржува старите подобро отколку другите облици на продукција. Дали локалната продукција на pay TV каналите може да биде нов репер и знак за квалитет?

“Како да се произведе одлична локална содржина?” е името на панелот на кој ќе дискутираат ценети стручњаци од продукциската индустрија, модерирани од Ивана Миковиќ, заменик-генерален директор на Радио-телевизија Србија.

Како целиот процес изгледа од гледна точка на продуцентите, што прават тие за да ја задржат публиката со нивната содржина и како содржината да се направи поквалитетна, ќе ви објаснат Kim Moses, извршен продуцент во Sander Moses Productions; Lars Lundström, сценарист и продуцент на драмата Nice; Nebojša Taraba, креативен директор во Втор план; Taliah Shahar, раководител на меѓународните канцеларии на United Studios of Israel и Paula Cohen McHarg, постар раководител за продажба во Централна и Источна Европа, ЗНД, Африка, Блискиот Исток, Грција и Турција во Keshet International.

“Како што телевизијата станува се повеќе глобална, NEM е најдоброто место за истражување на индустријата и запознавање со растечкиот регион на Централна и Источна Европа, изјави Taliah Shahar, раководител на меѓународните канцеларии на United Studios of Israel и додава дека во време кога глобалната ТВ платформа добива замав, се зголемува и потребата за локалните драми со врвен квалитет: “Гледачите сеуште сакаат да ги видат нивните животи и уникатни искуства на големиот екран”, заклучува таа.

Од устата на лицето заслужено за светскиот хит Humans

Различни содржини, интересна и иновативна продукција, локални теми … Може ли pay TV навистина да ги зголеми бројките на гледаност со нови, освежени, оригинални локални содржини?

На ова прашање ќе се обиде да одговори еден од најпознатите и најпочитуваните скандинавските продуценти и сценаристи Ларс Линдстром, извршен продуцент на британската серија “Луѓе” (Humans), која е римејк на неговиот ZF хит “Вистински луѓе” (Real Humans). На јавноста и` е познат и по неговата работа на сериите Tusenbröder и Wallander, а ни откри како да се направи локална драмска продукција која ќе го привлече светското внимание:

“Верувам дека станува збор за создавање на свој единствен универзум, при што не треба да се срамиме од локалните аспекти. Сите одлични приказни се всушност локални, па дури и приказните како Ѕвездени патеки (Star Trek). Многу сум среќен и чест ми е да бидам присутен на панелот за локална продукција на NEM, како и на целиот важен настан “.

Lars Lindstrom

Дека локалната продукција на гледачите одсекогаш им била поблиска отколку онаа од странство, смета и креативниот директор на продукциската куќа Втор план, Небојша Тараба и продуцент на серијата “Новости”, која е благодарение на промоцијата на NEM во 2016 година доживеа интернационален успех и глобална дистрибуција:

“Веќе потврдените искуства на некои големите pay TV системи, како HBO, покажуваат дека локалните оригинални продукции обично се подобро прифатени и повеќе гледани, па дури и од најголемите светски хитови како “Игра на тронови”(Game of Thrones). Добитна ситуација за сите е онаа во која некои локални содржини со добро избрани теми предизвикуваат глобален интерес “.

NEM кој не сакате да го пропуштите

На NEM 2018 година, професионалците ќе имаат можност да ги разменат своите идеи, да се дружат со луѓе од индустријата, да апсорбираат и споделуваат знаење и да се релаксираат во една од најубавите медитерански дестинации – Дубровник. Регистрирајте се и најдете најдобра опција за вас, на официјалната веб-страница на настанот http://neweumarket.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365