Home » Во фокусот » Светски признатиот PR експерт за кризни комуникации, Доналд Стил, доаѓа во Скопје

Светски признатиот PR експерт за кризни комуникации, Доналд Стил, доаѓа во Скопје

На 12ти мај, македонските и регионалните експерти за односи со јавноста, комуникации и социјални медиуми ќе имаат единствена можност да ги совладаат најновните трендови во кризни комуникации во ера на социјални медиуми, со помош на Доналд Стил, интернационален експерт за менаџирање со кризи и градење на глобална репутација.

На оваа ексклузивна, еднодневна работилница, Доналд ќе им помогне на македонските и регионални колеги да ги идентификуваат можните кризи во нивните компании, да подговат план за кризна комункација, да креираат стратегија за менаџирање со медиуми во време на криза и успешно да се справат со негативен публицитет и критики.

Доналд Стил е поранешен директор за комуникации во BBC и директор и партнер во Kenyon International Emergency Services, една од водечките светски компании за менаџирање на кризи во авио индустријата. Тој е и редовен предавач на престижниот London School of Economics.

Билетете за овој екслузивен настан можат да се купат на официјалната веб страна на Пи Ворлд:  http://www.thepworld.com/event/crisis-communications-workshop-with-donald-steel

Маркетинг365 е официјален медиа партнер на настанот.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365