Home » Во фокусот » SWISS International Airlines ве покануваат да работите над облаците

SWISS International Airlines ве покануваат да работите над облаците

Во погорното видео (создадено од агенцијата webguerillas од Цирих, Швајцарија) гледаме луѓе кои си продолжуваат со своите секојдневни животи, зафатени со нивните вообичаени активности, кога наеднаш гледаат група на луѓе кои носат знаци во форма на облаци, сонце, планински врвови итн… Ова предизвикува нивните активности да бидат нарушени, обземајќи ги љубопитност за она што го гледаат. Потоа, малата претстава за развива и се појавува авионско крило, со што се открива дека не се работи за обична улична претстава, туку за реклама која ги поканува луѓето да станат членови на екипажот на Swiss International Airlines. Поракате е дека тие работаат над облаците, а авио компанијата го прикажува тоа со помош на знаци.

Како секоја рекламана кампања, и оваа си има свои предности и недостатоци. Предност е тоа што е навистина креативен и уникатен начин да се прикаже се’ преку една мала претстава, на еден уметнички начин. Така го привлекува вниманието на луѓето и ја буди нивната љубопитност да видат за што се работи. Тоа е една од клучните работи за успешна реклама: да се привлече вниманието на гледачот повеќе од само неколку секунди, за рекламата да се претвори во едена подолга мисла низ нивните глави, и да бидат сигурни дека пораката ќе биде запамтена.

Уште една позитивна работа за кампањата е како webguerillas се задржа на оние работи кои се препознатливи за летањето – облаци и крила – значи направија една одлична игра на асоцијации со што пораката е јасна и лесна за разбирање.

Идејата да се прикажат знаците во канцелариски објекти исто така заслужува пофалба, бидејќи статистички гледано, луѓето кои се веќе вработени е поверојатно да прифатат работна понуда за која мислат дека повеќе им одговара и дека е подобра од нивната моментална работа, а канцелариските работници често трагаат за повозбудлива работа – како што е на пример летањето околу светот.

Што се однсува до негативните аспекти на кампањата, тие се малку. Дури на крајот беше кажано дека се работи за оглас за работа во авио компанија, нешто што можеа да го направат уште на почетокот, но во исто време, да се остави малку простор за неизвесност е исто така есенцијално, за да ги привлече луѓето да го задржат своето внимание подолго на кампањата, нешто што оваа реклама многу добро го прави.

SwissAir кампањата беше само на германски јазик, што може да биде недостаток при промовирањето на агенциското видео, но беше создадена за публика од германско јазично подрачје, која може да гледа на кампањата како нешто туѓо доколку таа би била на друг јазик. Исто така, групата можеше да се задржи подолго време и на повеќе места низ градот, но тоа е нешто повеќе како предлог отколку критика.

Заслуги

Адвертајзинг Агенција: webguerillas, Цирих, Швајцарија
Креативен директор: Ryan Daynes
Копирајтер: Daniel Gremli
Дизајнер: Natalie Kauer
Социјални медиуми: Simon Keller
CEO: Dino Ceccato
Account Manager: Gianluca Pirrera

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365