Home » Tag Archives: game of thrones

Tag Archives: game of thrones

Преку 100 брендови оствариле партнерство со Game of Thrones – еве дел од нивните кампањи

Во неделата беше емитувана првата епизода од новата и последна сезона на најпопуларната играна серија во светот „Game of Thrones“. Колку всушност е популарна серијата говори и фактот дека има остварено комерцијално партнерство за лиценцирани производи со преку 100 брендови ширум светот – повеќе од која било друга телевизиска серија ... Read More »

Една од најнаградуваните принт кампањи од минатата година се враќа во Game of Thrones верзија

Франшизата на брендот за брза храна KFC од Хонг Конг и агенцијата Ogilvy Hong Kong ја имаа една од најнаградуваните принт кампањи минатата година, заменувајќи ги пламените јазици од различни фотографии со зачинето поховано пилешко месо. Кампањата, насловена “Hot & Spicy”, беше добитник на „златен лав“ на Cannes Lions и ... Read More »

Листата на Арја Старк од „Game of Thrones“ се појавува на оваа лименка само кога е ладна

Како што наближува премиерата на новата и последна сезона на убер-популарната телевизиски серија „Game of Thrones“, така правопропорционално се зголемува и бројот на адвертајзинг кампањи поврзани со неа. Најновата кампања вредна за истакнување е онаа на американскиот бренд за безалкохолни пијалоци Mountain Dew и агенцијата Golin New York. Централниот производ ... Read More »

Oreo го рекреираше најавниот спот на Game of Thrones со помош на колачиња

Низ текот на годините сме виделе различни верзии и лимитирани едиции на колачињата на Oreo, па дури и дизајн инспириран од Мики Маус. Овој пат, Oreo создаде колачиња инспирирани од Game of Thrones, во пресрет на последната сезона од најпопуларната телевизиска серија во светот. Трудот што е внесен во дизајнирањето ... Read More »

Во исчекување на новата сезона на Game of Thrones, HBO ги повика фановите да ги споделат своите креации

HBO лансираше збирка на скулптури, слики и други уметнички дела инспирирани од оваа серија Како дел од промоцијата на најновата сезона на популарната серија Game of Thrones, HBO започна интересен проект во кој ќе ги претстави скулптурите, сликите и другите уметнички дела од 18 уметници од целиот свет, инспирирани од ... Read More »

„Арја Старк“ од Game of Thrones лансираше апликација за креативци

Мејзи Вилијамс, ѕвездата од хит-серијата Game of Thrones која го глуми ликот на Арја Старк, заедно со својот соработник Дом Сантри лансираше апликација наречена „Daisie“, специјално наменета за креативци. Иако веќе етаблираните социјални мрежи како Instagram им нудат на дизајнерите, илустраторите, фотографите и другите уметнички индивидуалци платформа за себепромоција, Вилијамс ... Read More »

Фејсбук доби Game of thrones видео “маска“! Еве како да ја тестирате!

Сакате да видите како би изгледале како лик од Game of Thrones? Фејсбук го има најјакиот за да пробате :) HBO е едно од првите филмски студија кои направија сопствен ефект за камера, користејќи ја новата платформа за проширена реалност на Фејсбук. Станува збор за маска која им овозможува на ... Read More »

Огромната ПР моќ на “Game of Thrones”

“Game of Thrones” стана културен феномен уште од своето прво емитување во 2011. Година по година, продолжува да руши рекорди. Фановите ‘проповедаат’ и носат нови гледачи, а новинарите ја ‘зачинуваат’ секоја сезона со нови анализи на приказната, фан-теории и рекапитулации. Сите знаеме дека медиумската покриеност која ја има “Game of Thrones” е ... Read More »

Marketing365 Marketing365 Marketing365