Home » Во фокусот » Телма со црвен телефон почна кампања против “нарачани вести“ !

Телма со црвен телефон почна кампања против “нарачани вести“ !

Атанас Кировски, директор на телевизија Телма и креативниот директор на агенцијата New Moment New Ideas, Душан Дракалски се автори на кампањата која уште на самиот старт, во текот на вчерашниот ден, предизивка огромен интерес помеѓу медиумите и корисниците на социјалните мрежи.

Имено,почнувајќи од синоќа во вестите на Телма телевизија во наредните денови ќе биде присутен црвен телефон како дел од кампањата со која оваа телевизија ќе се бори против притисоците врз новинарите и цензурата.

Оние кои вчера го гледаа централниот дневник на телевизија Телма, веќе знаат за што станува збор, а за тие што не успеавте да погледнете едно мало објаснување : Во текот на презентирањето на настаните од денот покрај новинарката Аневска стоеше црвен телефон и во моментот кога тој заѕвони, таа ја „тресна“ слушалката. Истата слика се повтори и во емислјата ’Топ Тема’ каде домаќин синоќа беше Снежана Лупевска. Кога и да зазвонеше “црвениот телефон“ истиот беше игнориран и исклучуван, со што јасно беше испраќана пораката – „Не примаме нарачани вести, ниту од власта ниту од опозицијата“ !

Се на се одлична кампања на New Moment за која типуваме дека одлично ќе помине на сите фестивали каде ќе ја пријават….ова е баш концепт за на Кан !

Погледнете како изгледаше сето тоа:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365