Home » Во фокусот » Тие се најсложената, најискрената, но и најслатката публика

Тие се најсложената, најискрената, но и најслатката публика

Како децата реагираат на мноштвото постоечки апликации за учење и забава? Дали се построги од возрасните и треба ли ТВ-индустријата да биде во чекор со најновите трендови во кои VOD (Video on demand), велат експертите, е многу подобро, ќе се дискутира на шестиот по ред NEM, кој ќе се одржи од 11-14 јуни во Дубровник.

 

Децата немаат срам да откријат дали им се допаѓа нешто или не, па е неопходно да се направи голема разлика помеѓу возрасните конзументи на медиумските содржини и децата. Содржините кои им ги пласираме на децата, треба да имаат висок фактор на забава, бидејќи нивната толеранција на досада е ниска. Привлечноста или визуелниот идентитет исто така е многу важен, затоа што ја поттикнува детската љубопитност и ги мотивира да гледаат содржини или да отворат апликација.

Едноставното управување со содржини, исто така, влијае на популарноста на младата публика. Треба да имаме на ум дека децата денес израснале со дигиталните медиуми, како што многумина велат, “со мобилен телефон во рака”, и тие се вистински говорници на дигиталната ера. Исто така, од децата од предучилишна возраст, а и многу од оние кои одат на училиште, не може да се очекува да читаат упатства или да се потрудат да разберат за што станува збор, кај нив производот мора да функционира веднаш. По природа се љубопитни и сакаат да учат – а тоа и го прават преку секојдневните игри со помош на дигиталните медиуми кои нудат огромни можности за таа активност.

 

Разбирање на “малите шефови”

На панелот “Мали шефови – големи барања” ќе се разговара за искуствата од конзумација на медиумите кај децата, а честа за модерирање на панелот му припадна на Tim Westcott, директор за истражување и анализа во одделот за програмата во IHS Markit.

 “Се радувам што за прв пат ќе дојдам на NEM во прекрасниот Дубровник со цел да го модерирем панелот “Мали шефови – големи барања“. За помладите гледачи, линеарните телевизиски канали се само дел од нивната медиумска потрошувачка. Ќе се обидам да се дознае како денешните провајдери на содржини пристапуваат до детската публика и тоа од одлични панелисти, лицата кои се дел од еден глобален детски забавен канал, потоа од пионерот на детскиот SVOD и еден од клучните брендови на канали во Централна и Источна Европа”, изјави Westcott, мислејќи на говорниците: Nicholas Walters, основач на Hopster ТВ, Daniel Reszkа, потпретседател на младешки и нови брендови за регионот на Централна и Источна Европа во Viacom и Nickelodeon и Szilvia Mascheka, водители на Kids Channels во AMC Networks International.

Најмладата публика денес расте со дигитални технологии со вродена способност за лесен пристап до повеќе извори на содржини. Ова отвора многу можности за провајдерите на содржини, создавајќи возбудлив замав за истражување на нашата индустрија “, додаде Reszka.

Интерактивно учење преку забава

Апликациите со кои децата учат преку игра се омилени кај родителите, но доколку создаваат искуство на интерактивно учење преку забава, едноставно се користат, имаат примамлив дизајн и не ги оптоваруваат очите на децата со реклами – тогаш производот е полн погодок. Таква апликација разви и панелистот на NEM е Nicholas Walters, извршен директор и основач на Hopster, апликација со претплата за деца од предучилишна возраст.

“Ова е време на масовна промена во содржината и медиумската индустрија кој ги поттикнува децата – нивното менување на навиките на медиумската потрошувачка и начинот на интеракција со содржината. Со повеќе од една третина од децата помлади од пет години кои поседуваат лична технологија, префрлувањето од пасивна линеарна телевизија на интерактивни SVOD апликации, како што е Hopster, никогаш не било поголемо. Возбуден сум што ќе разговараме за овој тренд со луѓето од некои од водечките забавни платформа за деца во Централна и Источна Европа, на највозбудливиот медиумски настан во регионот”, изјави Walters, кој на NEM ќе открие како неговата платформа полна со песни, ТВ емисии, образовни игри, сликовници и учење, има влијание врз децата.

Szilvia Maschek од AMC Networks International, не ја крие возбудата за панелот во кој децата се тие кои ги диктираат трендовите: “Како играчите во светот на содржината гледаат на различните интереси на децата од 2 до 12 години? Дали е заеднички став дека SVOD-от  е “бум” или е точно дека линеарна телевизија совршено може да коегзистира?”, се прашува Maschek, која е одговорна за програмата и стратегијата на каналите Minimax, Megamax и JimJam додавајќи дека, покрај прекрасниот поглед на Дубровник, NEM обезбедува одлична можност за вмрежување за сите учесници на настанот.

Распродаден цел сместувачки капацитет

Голем број на интересни панели, вмрежување, скрининг и другите богати содржини Ве очекуваат оваа година на NEM 2018 година. Придружете ни се во Дубровник и побрзјте по својата акредитација и создадете можност за нови бизнис приказни, познанства и новости од телевизиската индустрија. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на NEM: http://neweumarket.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365