Home » Компании » „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ го потврдија статусот: Најтрофејни винарници во регионот

„Тиквеш“ и „Домен Лепово“ го потврдија статусот: Најтрофејни винарници во регионот

Доделени наградите за најдобрите вина на „Вино Љубљана 2018“

Македонското премум црвено вино „Домен Лепово Гранд Куве“ (Domaine Lepovo Grand Cuvée), од бербата 2015-та, по трет пат е прогласено за најдобро вино на меѓународниот вински натпревар „Вино Љубљана“.

На годинешниот јубилеен 60. Меѓународен вински натпревар што се одржува во главниот град на Словенија, „Домен Лепово Гранд Куве“ освои златен медал и специјални признанија „Светски шампион” и „Национален шапион“ во категоријата на суви црвени вина.

Ова премиум вино беше издвоено како светски шампион и на минатогодишниот вински натпревар. Оваа година престижната титула му е доделена во конкуренција од над 425 вина од 15 земји-производители на квалитетни вина.

На ваквиот успех се надополнуваат и освоените три златни медали за вината на ВВ „Тиквеш“, и тоа за „Барово“ црвено 2015-та, „Александрија Куве“ црвено 2016-та и „Т’га за Југ“, берба 2016-та.

Инаку, „Вино Љубљана“ е меѓународен вински натпревар со најдолга традиција во регионот, кој во сегашниот формат се одржува уште од далечната 1955 година и спаѓа меѓу 10-те водечки светски вински натпревари. Годинешната селекција на најдобри вина ја направија 40 дегустатори од 22 земји, меѓу кои и од Македонија, според правилата на Меѓународната организација за вино (OIV) и Меѓународната асоцијација на енолози (UIE) од Париз, Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365