Home » Во фокусот » „Тиквеш“ одново го потврди статусот – најтрофејна винарница од регионот

„Тиквеш“ одново го потврди статусот – најтрофејна винарница од регионот

Врвните автентични вина на Винарската визба „Тиквеш“ освоија вкупно 25 медали и признанија на трите престижни светски вински натпревари што се одржуваат оваа пролет во Лондон и Брисел, со што „Тиквеш“ го потврди статусот – најнаградувана винарница од Југо-источна Европа. На овие натпревари, „Тиквеш“ освои еден златен, 9 сребрени и 12 бронзени медали, а три вина добија специјални признанија за својот квалитет.

„Вранец Спешал Селекшн“ од бербата 2015-та освои златен медал на угледниот интернационален вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), кој годинава по 34-ти пат се одржува во Лондон, В. Британија. Истовремено, ова врвно вино од жирито на натпреварот доби и посебен епитет – „Трофеј меѓу македонските црвени вина“, со што „Вранец Спешал Селекшн“ се најде во исклучително малата група од само 1% од сите пријавени вина на натпреварот коишто го добиваат овоа одличје со кое се потврдува дека ги исполнуваат највисоките интернационални стандарди за квалитет.

На овој натпревр, со сребрен медал се наградени „Барово (црвено) 2015“ и „Гренаш Бланк Спешал Селекшн 2016“,  а бронзени медали освоија уште пет други врвни вина на „Тиквеш“.

Дополнително, на еден од најмасовните светски вински натпревари – Decanter 2017, кој исто така се одржува во Лондон, а на кој за престиж во винскиот свет се бореа дури 17.200 вина од најпознатите вински региони во светот, три вина на „Тиквеш“ се наградени со сребрени медали. Тоа се вината: „Бела Вода“ (бело) 2016, „Каберне Франк Спешал Селекшн“ 2016 и „Шардоне Спешал Селекшн Оук Едишн“ 2016. На овој натревар дури седум вина на „Тиквеш“ освоја бронзени медали.

Вреден успех е остварен и на престижниот собир на глобалната винска елита што се одржува секоја година во Брисел, Белгија – Concurs Monddial de Bruxelles 2017. Таму, со сребрен медал се наградени четири вина на „Тиквеш“ и тоа:  „Александрија класик (розе)“ и „Темјаника Спешал Селекшн“ од бербата 2016-та, како и црвените вина „Вранец Спешал Селекшн“ и „Барово“ од бербата 2015-та.

Златен, сребрен и бронзен медал за вината од брендот „Домен Лепово“  

Стручното жири на меѓународониот вински натпревар „Concurs Monddial de Bruxelles 2017“ му додели златен медал на македонското суперлуксузно вино „Домен Лепово Гранд Куве“, од бербата 2013-та, со што го потврди неговото високо реноме. Истовремено, на годинешното издание на „Decanter“ во Лондон, белото вино од сортата шардоне, кое е дел од суперлуксузниот бренд „Домен Лепово“ од бербата во 2016-та, е наградено со сребрен медал. Ова вино доби и бронзен медал на вториот светски вински натпревар што се одржува во Лондон – International Wine Challenge (IWC).

Со ваквите високи признанија, вината од брендот „Домен Лепово“ дефинитиво се пробиваат меѓу вината што ја сочинуват светската винска елита и за кои по правило се „резервирани“ највисоките трофеи на престижните светски вински натпревари.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365