Home » Во фокусот » Тајм ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2019 година

Тајм ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2019 година

Неделникот „Тајм“ ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2019 година. Листата опфаќа пет категории: пионери, лидери, артисти, титани и икони.

Новиот рејтинг во категорија лидери, во кој обично се вклучени политичари, е предводен од демократката Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Покрај неа во оваа категорија се и американскиот претседател Доналд Трамп, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Кина, Си Џинпинг, крунисаниот принц на Абу-Даби, шеикот Мухамед бин Заид.

Потоа, на оваа листа се и папата Франциско, лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо, американскиот специјален обвинител Роберт Малер, како и Александрија Окасио-Кортез, најмладата конгресменка на САД.

Како оваа така и минатата година од листата е изоставен рускиот претседател Владимир Путин, кој досега се наоѓаше шест години помеѓу 100. највлијателни луѓе.

Категоријата пионери ја предводи сценаристката и продуцентка Сандра Ох, категоријата артисти е предводена од актерот Двајт Џонсон, додека прва во категоријата икони е Тејлор Сфивт. На прво место во категоријата титани е фудбалерот Мухамед Салах.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365