Трендот го започна холивудската актерка Рис Витерспун со својот хумористичен пост на Инстаграм
Рис Витерспун неодамна објави колаж од нејзините фотографии кои ја прикажуваат нејзината „состојба“ од месец во месец, а се однесува на 2020 година – од оптимистичен јануари, преку депресивен мај, до септември кога веќе изгледа апсолутно очајно.
Овој тренд, наречен #2020Challenge, се однесува на расната дискриминација, економската, како и политичката состојба во САД.
Покрај славните личности, многу компании одговорија на овој тренд придонесувајќи со нивните колажи.