Home » Во фокусот » ТВ индустријата во 2014 година – ТВ Сител со поголеми приходи од реклами од сите други телевизии заедно

ТВ индустријата во 2014 година – ТВ Сител со поголеми приходи од реклами од сите други телевизии заедно

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја објави годишната анализа во однос на состојбата со пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2014 година.

Најголем интерес секако предизвикува делот каде се анализираат финансиските резултати на телевизиските станици. Вкупните приходи што сите радиодифузери ги оствариле во 2014 година изнесувале 3.176,74 милиони денари. 41,75% од овој износ биле приходите на јавниот сервис МРТВ (од кои 64,73% од приходите се од радиодифузна такса а само 3,71% од реклами), а 58,25% приходите на комерцијалните радиодифузери.

tv industrija vo 2014 godina

Во 2014 година вкупно комерцијалните телевизии од рекламирање оствариле 1.578,29 милиони денари, што е за 1,99% повеќе отколку во претходната година.

 

ТВ Сител остварила повеќе приходи од рекламирање отколку сите сателитски, регионални и локални телевизии заедно

vkupnite prihodi na nacionalnite komercijalni televizii vo poslednite 10 godini

Вкупните приходи на националните комерцијални телевизии во последните 10 години. Финансискиот резултат од работењето на сите комерцијални телевизии за 2014 година бил добивка во износ од 92,34 милиони денари.

Највисоки приходи од рекламирање во Република Македонија остварила ТВ Сител (526,77 милиони денари) што претставува 44% од вкупните приходи од рекламирање на овој сегмент од телевизиската индустрија. ТВ Канал 5 успеала да привлече 21% од буџетите на огласувачите наменети за рекламирање кај телевизиите на државно ниво.Речиси подеднакво атрактивни за огласувачите биле ТВ Алфа со остварени 150,50 милиони денари од рекламирање и ТВ Алсат-М со остварени 149,05 милиони денари од продажба на времето за рекламирање.

Најмал дел од рекламниот буџет оствариле ТВ Телма – 70,89 милиони денари односно само 6% од вкупните приходи од рекламирање и Македонската телевизија – 48,48 милиони денари односно само 4%.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365