Home » Digital » Твитер додаде опција за пребарување

Твитер додаде опција за пребарување

Твитер додаде опција за пребарување

Твитер додаде опција „explore“ (истражи) со цел полесно пребарување на твитови, но и пронаоѓање на интересна содржина. Ова е последна во низата на иновации која компанијата ги додаде на својот сервис со цел подобрување на начинот за пренесување на пораки „ од еден на многу“ .Опцијата првенствено заживеа на Apple уредите, во наредните седмици се очекува да се појави и на Андроид уредите.

“Поентата на иновацијата е да ги комбинира трендовите, моментите, пребарувањата и видео снимките во една точка“, изјави дизајнерката на проектот Ангела Лам. „До денес моравте да посетите неколку места за да ја најдете целата оваа содржина“, напиша Лам на блогот, додавајќи дека крајната цел е корисниците полесно да дознаат што се случува.

Твитер веќе долго време е насочен кон проширување на корисничката база и зголемување на профитот. Се очекува дека на 9 февруари ќе ги објаи своите приходи од последниот квартал на изминатата година. Твитер објави  нето загуба од 103 милиони долари во третиот квартал минатата година, што е нешто подобро од една година претходно, кога се забележани загуби од 132 милиони долари.

Аналитичарите се скептични околу начинот на кој Твитер може да ја прошири својата корисничка база, бележејќи пораст од само четири милиони корисници за еден квартал.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365