Home » Digital » Твитер и Снепчет се борат за внимание од медиските издавачи

Твитер и Снепчет се борат за внимание од медиските издавачи

Откако Фејсбук објави дека новиот изглед news feed-от ги става во втор план содржините од медиумите и компаниите, Твитер и Снепчет се обидуваат да ја пополнат настанатата празнина и да доведат корисници на медиските сајтови.

Најавата на Фејсбук, која предизвика бран на паника помеѓу медиумите кои се потпираат на оваа платформа како извор за кликови, за другите социјални мрежи би можела да биде прилика да го зголемат своето влијание меѓу издавачите и креаторите на содржини на интернет.

Како пренесува Buzzfeed News, во октомври 2017 година од Фејсбук доаѓаа 47 посети на секоја една посета од Твитер, но овој однос веќе се менува и податоците покажуваат дека ситуацијата сега е 25 посети наспроти една.

Твитер од самиот почеток игра значајна улога во медиумската заедница и експертите сметаат дека ова е нивната шанса да станат и позначаен извор на посети, што веќе се случува после воведувањето на подолги твитови, кои привлекуваат повеќе реакции од публиката и подобро одговараат на алгоритмите за пребарување.

За внимание од издавачите се бори и Снепчет, кој во последно време преживеа неколку тешки удари од Инстаграм и кој има потреба од корпоративни корисници за одржување на популарноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365