Социјалната мрежа Твитер отсега ќе им овозможува на своите корисници да комбинираат визуелни содржини, вклучувајќи видеа, слики и GIF-ови во еден ист твит.
Нема големи промени во начинот на кој вообичаено се прикачуваат содржини – само кликнувате на “media” или “gif“ за да ја прикачите содржината што сакате да ја вклучите и да ја споделите во вашата објава. Притоа, секој твит може да содржи до четири слики, видеа и/или GIF-ови во која било комбинација.
„Мешањето на различни видови визуелни содржини заедно во еден твит им овозможува на креаторите да се изразат повеќе од 280 карактери и им дава повеќе начини да ја раскажат својата приказна“ – истакнуваат од компанијата.
Ова ажурирање е достапно за сите корисници на апликацијата на оперативните системи iOS и Android.