Home » Digital » Твитер претстави нов $99 претплатнички сервис за авто-промоција на твитовите

Твитер претстави нов $99 претплатнички сервис за авто-промоција на твитовите

Твитер во моментов тестира нов претплатнички сервис кој ќе чини 99 долари и ќе им овозможи на корисниците и малите бизниси можност да го зголемат досегот на својот контент (своите твитови) – преку авто-промоција кон базата на следбеници и останати корисници.

Оваа услуга е наменета за оние кои не се премногу стручни за огласување и работа со адвертајзинг системот на Твитер (секако и за оние кои се мрзеливи да тестираат различни стратегии) и оттаму се разликува од Twitter ads – каде самиот корисник може да си креира и оптимизира различни кампањи. Со новата услуга, твитер корисникот ќе си твита вообичаено а Твитер автоматски ќе промовира дел од тие твитови.

Корисниците кои беа избрани да бидат дел од бета програмата, ќе имаат можност да го испробаат сервисот еден месец бесплатно. Овај сервис доаѓа како одговор на Твитер кон падот на приходи од реклами остварене во вториот квартал на 2017.

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365