Home » Extra 5 » Uber ја загуби лиценцата за работа во Лондон

Uber ја загуби лиценцата за работа во Лондон

Transport for London (TfL) одби да ја обнови лиценцата на Uber за возење во Лондон бидејќи компанијата “не се вклопува со правилата и прописите”, демонстрирајќи “недостиг на корпоративна одговорност” во однос на прашања кои може да ја загрозат безбедноста на патниците, како и употребата на недозволен софтвер во нивните возила кој може да го лимитира пристапот на службени лица при проверка на возилата.

Оваа одлука ќе биде дополнителен голем удар врз компанијата која во изминатиов период се соочуваше со критики по однос на повеќе прашања, вклучувајќи го и нејзиниот очигледен науспех во правењето на темелни позадински проверки на возачкиот персонал.

Моменталната лиценца на Uber истекува на 30 септември, но компанијата има период на жалба од 21 ден – период во кој може да продолжи со работа.

Том Елвиџ, генерален менаџер на Uber за London изјави дека TfL и градоначалникот на Лондон потклекнале пред притисоците на мал број луѓе кои сакаат да го ограничат изборот на потрошувачите, додавајќи дека одлуката ќе остави 40,000 лиценцирани возачи без работа, а граѓаните на Лондон ќе останат без една удобна и лесно пристапна форма на транспорт. Елвиџ најави силна правна борба во судовите.

Во меѓувреме, Здружението на лондонски таксисти ја поздрави одлуката за одземање на лиценцата на Uber. Во своето соопштение, тие истакнаа дека TfL и градоначалникот на Лондон со право ја одзеле лиценцата на Uber, обвинувајќи ја компанијата за неодговорно кршење на законите и регулативите, со што ги загрозувале и патниците. Тие го повикаа судот да не потклекнува пред притисокот на Uber.

Во последните 18 месец, Uber постојано се обидуваше да го поправи својот имиџ во опаѓање преку маркетинг, задолжувајќи ја агенцијата Bartle Bogle Hegarty (BBH) за водење на компанискиот адвертајзинг во март 2016, како и агенцијата Manning Gottlieb OMD, задолжена за односи со медиумите.

Uber и BBH се обидоа да се спортивстават на лошиот публицитет на компанијата преку емоционални реклами. Така, во јуни беше премиерно претставен телевизиски спот кој ја раскажуваше приказната на Грејс и Мајлс за нивниот прв состанок и како Uber е клучен дел од успешноста на таа приказна.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365