Како дел од овогодинешниот #UMImpactDay, глобалната иницијатива на агенциската мрежа UM посветена на создавање позитивно влијание во заедницата, тимот на UM Skopje донираше книги во локалната библиотека „Другарче“.
Со оваа донација, од агенцијата сакаат да ја поттикнат културата на читање и да потсетат дека книгите и понатаму имаат моќ да инспирираат, едуцираат и да ги поврзуваат луѓето. Според нив, редовното читање придонесува за развој на емпатијата, критичкото размислување и комуникациските вештини.
„Во време кога навиката за читање книги постепено се губи поради дигитализацијата, веруваме дека секоја донирана книга е нова можност некој повторно да ја открие љубовта кон читањето. Мал гест, но важна порака – да продолжиме да читаме книги“ – истакнуваат од UM Skopje.
UM Impact Day е ден кога канцелариите на UM ширум светот накратко ги оставаат настрана своите секојдневни деловни активности и своето време, енергија и внимание ги насочуваат кон иницијативи што придонесуваат за подобра и посилна локална заедница.


















