Home » Во фокусот » Унапредете го својот метод на брифирање

Унапредете го својот метод на брифирање

Хрватското здружение за комуницирање на пазарот, HURA ја претстави брошурата Добар брифинг – насоки за брифирањенаменет за сите огласувачи кои сакаат да го унапредат процесот на брифирање на агенциите и да оставарат подобри резултати на своите кампањи

Квалитетен бриф овозможува конструктивен дијалог, подобри резултати, но и ги оптимизира трошоците. Тоа не е само можност во работењето- тоа е нужност. Заради тоа HURA ја подготви брошурата  „Добар брифинг – насоки за брифирање“ , која е достапна за сите за превземање во електронски облик.

Освен брошурата, сите заинтересирани можат на интернет страницата на HURA бесплатно да ги превземат и различните предлози за бриф како што се: агенциски, креативен и медиски бриф, бриф за односи со јавноста и бриф за дигитална комуникација. Предлозите се достапни во хрватска и англиска верзија.

Во оваа корисна брошура наменета за сите оние кои сакаат да ги користат вистинските можности за соработката клиент-агенција, да ги инспирираат своите тимови и да остварат посакуваните резултати на своите кампањи, одговоривме на низа важни прашања, а само некои од нив се како да се води процесот, како да се структурираат мислите и потребите, како да се организира времето и парите, а истовремено да се вклучи креативноста, знаењето, талентот и енергијата, агенциите да го направат она најдоброро, односно да ги реализира целите на брендот и кампањата“, истакна, по повод објавата на брошурата, Андреа Штимац, член на Управата на HURA и раководител на работната група која работела на подготовките на насоките и предлозите.

Андреа Штимац

Насоките на HURA се наменети за сите оние кои се занимаваат со комуникации, огласувачите и агенциите. Целта е да им се помогне на сите засегнати страни во комуникациската индустрија кои соработуваат со агенциите за комуникација на пазарот, а кои сакаат да ја унапредат својата брифинг пракса.

Комуникацијата на пазарот бара значително финансиско инвестирање и има моќ да го промени работењето, било да се работи за комуницитање со традиционално огласување, дигиталното комуницирање или односите со јавноста. Токму затоа, добриот бриф е нужен чекор за сите успешни кампањи.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365