Медиумската групација United Group соопшти дека воведува нов систем на корпоративно управување за своите информативни програми, со што ја потврдува својата посветеност на зачувување на уредувачката независност и заштитата на новинарските слободи.
Во рамки на новиот модел, информативните програми во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија ќе бидат обединети под брендот Adria News Network, во рамки на јасно дефинирана управувачка рамка со сопствена управувачка структура, целосно независен Управен одбор и Уреднички совет составен од истакнати меѓународни медиумски професионалци. Уредничкиот совет ќе обезбедува надворешен надзор и ќе дава насоки во врска со уредувачките стандарди, етиката и најдобрите професионални практики.
Adria News Network ќе обединува препознатливо портфолио на афирмирани и наградувани телевизиски, печатени и дигитални медиуми, меѓу кои се N1, Nova S, Vijesti и Danas. Овие медиуми работат повеќе од една деценија (а во случајот на весникот Danas, веќе 28 години) и заедно покриваат пазар од над 16 милиони луѓе, со тим од повеќе од 1.000 новинари и други вработени. Медиумските канали во Грција и Бугарија не се опфатени со овој модел.
По детална анализа на глобалните најдобри практики во областа на корпоративното управување, пазарните услови и долгорочната одржливост, спроведена од компании со светски углед, овој систем е препознаен како најефикасен начин во практика дополнително да се зајакне и формализира уредувачката независност, а истовремено да се обезбедат стабилност, транспарентност и отпорност на работењето.
„Воведувањето на новиот систем на корпоративно управување и јасните линии на известување кон Adria News Network дополнително ќе ја зајакнат и формализираат уредувачката независност на информативните програми. Со тоа обезбедуваме иднина во која новинарските слободи ќе останат заштитени и јасно одвоени од влијанието на менаџментот на Групацијата, акционерите и надворешните фактори“ – посочува Стен Милер, генерален директор на United Group.
„Ги поздравуваме овие промени, кои претставуваат јасна и промислена одлука за дополнително зајакнување на уредувачката независност, а истовремено обезбедуваат стабилност и јаснотија за работењето и за вработените. Заштитата на уредувачкиот интегритет од надворешни влијанија е вградена во новиот систем на управување на Adria News Network“ – заклучи Никос Статопулос, претседател на фондот BC Partners, мнозински акционер во United Group.
















