Home » Digital » Услугата Google Pay ги обединува Android Pay и Google Wallet

Услугата Google Pay ги обединува Android Pay и Google Wallet

На почетокот на годината Гугл одлучи своите две услуги поврзани за дигиталното плаќање да ги обедини под исто име

Досегашните две услуги кои корисниците на Гугл и Андроид мобилните телефони им служеа за мобилни дигитални плаќања, Android Pay и Google Wallet, од сега ќе бидат обединети под едно едно име. Новата услуга која ќе ги обедини двете досегашни се нарекува Google Pay, објавија од компанијата Гугл. Целта на обединувањето е едноставноста на користењето и поголема сигурност и континуитет при користење.

Google Pay ќе ги користи податоците сочувани на Google сметката за плаќање со мобилен на продажните места кои поддржуваат ваков вид на плаќање. Во текот на наредните недели, барем во САД би требало да се појави, како во физичките продавници, така и онлајн. Освен плаќање за производи и услуги во продавниците, Google Pay ќе овозможи и едноставно испраќање на пари помеѓу корисниците.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365