Home » Digital » Велика Британија воведува најостри интернет закони во светот за заштита на децата

Велика Британија воведува најостри интернет закони во светот за заштита на децата

Велика Британија ќе има најостри закони за интернет во светот, порачаа британските министри, а британската влада истовремено ја поддржа кампањата на “Дејли телеграф“ за законската обврска за заштита на децата на интернет.

Министерот за култура Џереми Рајт и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид ја открија “Белата книга” (White Paper) со плановите за обврските за заштита, што ќе се спроведе од страна на нов независен регулатор.

Како што изјави Рајт, реформите се најдобриот начин за воведување на јасни, конкретни одговорности во борбата со чувствителни содржини или активности на интернет.

Велика Британија ќе воведе казни кои ќе ги принудат технолошките компании да „седнат и да земат предвид“, ако не превземат се` што е можно за да се спречат штетните содржини на нивните платформи, рече Рајт.

„Доколку ги погледнете казните кои се на располагање на Комесарот за информации во врска со правилата за ГДПР, тоа би можело да биде 4 проценти од прометот на компаниите…нешто слично треба да биде и овде“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365