Велимира Петрова е новиот Group Trading Director на Dentsu SEE, со цел, како што велат од dentsu да ја зајакне позицијата на најбрзо растечката меѓународна агенција во регионот.
Со ова назначување, Петрова го презема раководството на тимот за медиумски инвестиции на пазарите во Хрватска, Романија, Бугарија и другите пазари во Адриатик регионот, а исто така се приклучува и на регионалниот менаџерски тим.
Покрај горенаведеното, Петрова ќе биде задолжена и за управување со инвестиции и трговија со медиуми, како и за развој на содржини во иновативни партнерства и забавни програми.
Петрова се приклучува на тимот на dentsu со повеќе од 20 години искуство на водечки позиции во комерцијалниот сектор. Таа е е магистер по бизнис администрација, а имаше лидерски улоги и во bTV радио Груп и Нова радиодифузија, подоцна дел од Јунајтед Груп.
Радослав Неделчев, главен извршен директор на dentsu Југоисточна Европа, по повод именувањето на Петрова изјави: „Нејзиното извонредно искуство во трговијата со медиуми, развојот на продажбата и искуството со работа низ регионот на Југоисточна Европа ќе ни бидат вистинска предност во остварувањето на нашите амбициозни планови за Адриатик регионот.”
Назначувањето доаѓа по трансформацијата на групацијата во последните години низ пазарите во Бугарија, Хрватска, Романија и Адриатикот, каде што Dentsu работи како еден тим на Dentsu Југоисточна Европа.
Петрова ќе се приклучи на организацијата на 1 август 2022 година.